More

    Вучиќ се помири дека нема да има избори на Косово

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека парламентарните избори на 17 декември нема да се одржат во српските области на Косово бидејќи косовскиот премиер Албин Курти „не сака“ да им овозможи на Србите да имаат основни и природни права, пренесе Бета.

    – Избори во српските заедници нема да има бидејќи Курти не сака да им го дозволи на Србите природното право што треба да го имаат. Западот ќе каже дека нема можност да изврши притисок врз Курти… Веќе имаше изјава од портпарол на ЕУ и тоа е тоа – рече Вучиќ во Дубаи, каде што присуствува на Самитот на лидери за климатски промени.

    Тој изјави дека Курти инсистира исклучиво на признавањето на независноста на Косово како услов за одржување на избори.

    „Мораме да го признаеме Косово за Србите да учествуваат на изборите. .. Ништо повеќе и ништо помалку. И сите во Србија и во Европа го знаат тоа. Добро е што ќе реагираат на тоа, но ние нема да добиеме било што од таа реакција“, рече Вучиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img