More

    Маск го претстави новото возило: „Мислам дека ова е нашиот најдобар производ“

    spot_img

    Милијардерот и инвеститор Илон Маск во четвртокот со голема помпа го претстави Cybertruck електричен пик-ап со футуристички дизајн на неговата компанија Tesla, за кој веќе пристигнаа еден милион резервации.

    Со гласна музика и возбудена публика, милијардерот пристигна како рок ѕвезда во кожна јакна зад воланот на неговиот Cybertruck во седиштето на Tesla во градот Остин во Тексас.

    „Мислам дека ова е нашиот најдобар производ“, рече Илон Маск и се пофали „тоа е најисклучителниот објект на патот. Иднината конечно ќе изгледа како иднина“.

    Cybertruck е вкрстување на моделот од филмот „Blade Runner“ (1982) и моделот „Wet Nellie“, водоземецот виден во филмот „The Spy Who Loved Me“, изјави Илон Маск.

    „Подобро е од пик-ап и подобро од спортски автомобил, се е во едно“, опиша сопственикот, не штедејќи на пофалбите за перформансите на неговото возило.

    Маск приреди голем спектакл за промоција: пукање со митралез кон вратата на возилото што не остави никакви дупки, трка со Порше 911 (во која победи), влечење градежна машина или ракетен реактор.

    Сепак, пазарот на електрични пик-ап возила е веќе конкурентен и возилото на Маск ќе мора да се бори со модели од конструктори како Rivain, General Motors или Ford.

    Пред нешто повеќе од 18 месеци, Ford го претстави F-150 Lightning, електрична верзија на своето најпродавано возило во САД.

    Американскиот пазар високо ги цени пик-ап возилата и конструкторите жнеат најголеми маржи на него.

    Основниот модел Cybertruck се продава за 60.990 долари, значително повеќе од F-150 Lightning од 50.000 долари.

    Тесла сега нуди две поскапи варијанти: првата за 79.990 долари, а втората за 99.990 долари, а најскапиот може да достигне 210 км/ч, има опсег на возење од 515 километри и капацитет на влечење од 5 тони.

    „Историски ден“
    На презентацијата во четвртокот, клиентите веќе ги потпишаа своите нарачки, по што следеа овации од публиката.

    Некои експерти проценуваат дека продажбата на Cybertruck, поради неговиот необичен изглед, би можела да биде послаба од другите модели од тој вид, но резервациите по цена од 100 долари веќе надминаа еден милион.

    Илон Маск предвидува дека во 2025 година ќе достигне годишно производство од 250.000 возила.

    Телото на возилото е изработено од нерѓосувачки челик за да биде цврсто.

    „Возилото изгледа кул, но е исклучително тешко да се изработи“, вели Арт Витон, експерт за транспортна индустрија на Универзитетот Корнел.

    Поради ова, Витон се сомнева дека Cybertruck ќе постигне голема продажба, токму поради неговиот дизајн.

    Во средата, Илон Маск се извини за неговата антисемитска порака за теоријата на заговор.

    Но, потоа повторно крена прашина со грубо навредување на огласувачите кои решиле да ја бојкотираат неговата социјална мрежа Х (поранешен Твитер), велејќи им „о…у“!

    „Лансирањето на Cybertruck е историски ден и не мислиме дека интервјуто што го даде Маск во средата може да има какво било влијание врз неговиот успех“, рече Ден Ајвс, аналитичар за Wedbush Securities.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img