More

    Започнува нова фаза од војната: Израел најави нови зони за евакуација на цивили од Газа

    spot_img

    Борбите во Појасот Газа продолжија во петокот наутро, а израелската војска најави нови безбедносни зони за цивилите во областа под контрола на Палестина.

    Армијата објави интерактивна мапа на арапски со зони за евакуација „како подготовка за следната фаза од војната“.

    Ова го дели Појасот Газа на зони за да им овозможи на жителите „да се ориентираат, да ги разберат упатствата и, доколку е потребно, да се преселат на безбедно од одредени локации“.

    Неколку часа претходно, израелската армија ги продолжи борбените операции против Хамас, откако еднонеделниот прекин на огнот кој беше на сила не беше обновен по трет пат.

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека непосредно пред истекот на рокот, од Појасот Газа биле истрелани ракети врз Израел.

    Израел, исто така, го обвини Хамас дека не го почитува договореното ослободување на сите заробени жени.

    Според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас, најмалку 32 лица загинале во Газа во првите три часа по обновувањето на борбите и израелските воени авиони повторно ја бомбардирале Газа.

    Хамас го обвини Израел дека одбива да ги прифати сите негови понуди за продолжување на примирјето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img