More

    До крајот на септември годинава 975 милиони туристи патувале низ светот што е за 38% повеќе отколку во истиот преиод лани

    spot_img

    До крајот на септември годинава 975 милиони туристи патувале низ светот што е за 38% повеќе отколку во истиот преиод лани, објави Светската туристичка организација (UNWTO). Организацијата проценува дека поради силната туристичка побарувачка и потрошувачка и порастот на цените глобалниот туризам до крајот на годината  ќе го достигне нивото од 90% од 2019 година, а следната година да се врати на нивото од 2019 година.

    Светска туристичка организација наведува и дека според првите проценки во третиот квартал од 2023 година, меѓународните туристички пристигнувања во светот биле 91% од реализираните пред пандемијата во истиот квартал, а во јули биле 92%, што се смета за најдобар месец по пандемијата.

    Приходите од меѓународниот туризам на глобално ниво во 2023 година би можеле да достигнат околу 1,4 трилиони американски долари, што е околу 93% од тие приходи од 2019 година.

    Подтаотците покажуваат  идека до крјот на септември многу дестинации во светот примиле исти, па дури и повеќе туристи и дека тие оствариле поголеми приходи отколку во 2019 година.

    Најмногу туристи во 2023 година патувале на дестинаци во Блискиот Исток, Европа и Африка.

    Блискиот Исток е убедливо најсилен во ова, бидејќи е единствениот светски регион кој ги надмина резултатите од 2019 година, со 20% повеќе странски туристи за 9 месеци што се објаснува со мерките за олеснување на визен режим, развој на нови дестинации, инвестиции во нови проекти поврзани со туризмот.

    Европа го достигна нивото од 94% од постигнатиот број на странски туристи во 2019 година, но сепак е најпосетуваниот регион во светот, каде што претстојувале 550 милиони туристи или 56% од вкупниот број туристи во светот.

    Африка достигна 92% од бројот на туристи од пред пандемијата, додека Америка беше посетена од околу 89% туристи споредено со 2019 година.

    Азија достигна 62% од резултатите пред пандемијата поради побавното повторно отворање за меѓународни патувања.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img