More

    Ослободените Палестинци сведочат за измачувањата во израелските затвори

    spot_img

    Палестинските затвореници ослободени од израелските затвори велат дека стражарите ги малтретирале и колективно ги казнувале казнети во неделите по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Тие опишуваат дека биле тепани со стапови, дека им пуптале кучиња да ги напаѓаат и дека им биле одземени облеката, храната и ќебињата. Една затвореничка изјавила дека и се заканувале со силување и дека чуварите двапати фрлиле солзавец во ќелиите.

    Би-Би-Си разговараше со вкупно шест лица, од кои сите рекоа дека биле претепани пред да излезат од затвор. Здружението на палестинските затвореници соопшти дека некои чувари наводно уринирале врз врзани затвореници и дека шест затвореници починале во израелски притвор во последните седум недели. Израел вели дека сите негови затвореници се притворени во согласност со законот.

    Осумнаесетгодишниот Мохамед Назал беше меѓу оние кои Израел ги ослободи оваа недела во замена за израелските жени и деца кои Хамас ги држеше како заложници во Газа. Тој е во затвор без обвинение од август и вели дека не знае зошто е уапсен.

    Мохамед со двете раце врзани во завои, опкружен од своите роднини на екипата на Би-Би-Си и раскажа за ужасите што ги преживеал додека бил во израелскиот затвор.

    Пред десет дена, вели Мохамед, израелските затворски чувари влегле во неговата ќелија со микрофон и разглас и се обиделе да ги испровоцираат затворениците плескајќи и извикувајќи ги нивните имиња.

    – Кога видоа дека не одговараме, почнаа да не тепаат. Не наредија така што постарите затвореници стоеја одзади, а младите напред. Ме зедоа и почнаа да ме тепаат. Се обидував да си ја заштитам главата, а тие се обидуваа да ми ги скршат нозете и рацете – објаснува Мохамед.

    Семејството покажува медицински извештаи и рендгенски снимки од палестинските лекари во Рамала, кои го прегледале Мохамед откако тој беше ослободен во понеделникот. Би-Би-Си ги покажа снимките со рендген на двајца лекари во Велика Британија, кои потврдија дека се работи за скршеница на двете раце.

    – На почетокот многу ме болеше. Потоа по некое време сфатив дека рацете ми се скршени, па престанав да ги користам. Ги користев само кога одев во тоалет – раскажува момчето.

    Тој вели дека другите затвореници му помагале да јаде, да пие и да ја користи бањата, а од чуварите не побарал лекарска помош бидејќи се плашел дека повторно ќе го претепаат.

    Израелската затворска служба ја оспори приказната на Мохамед, велејќи дека тој бил прегледан од лекар пред неговото ослободување и дека немал дијагностицирани здравствени проблеми.

    Затворската служба објави и видео на кое тинејџерот го напушта затворот и се качува во автобус на Црвениот крст пред неговото ослободување, со што наводно докажува дека неговите тврдења се лажни. Тинејџерот од видеото нема завои на рацете, но се чини дека тие некако висат од страна – дури и додека се качува во автобусот – но се надвор од рамката во поголемиот дел од видеото.

    Мохамед вели дека му била укажана прва медицинска помош во автобус на Црвениот крст. Медицинскиот извештај од болницата во Рамала, на денот кога се вратил дома, покажал дека можеби ќе биде потребно да му се вгради метална плочка доколку неговите скршеници не зараснат сами.

    Мохамед вели дека однесувањето на чуварите во израелските затвори се променило по нападите на Хамас на 7 октомври. Тој тврди дека чуварите ги клоцале и ги тепале со палки и опишува како еден чувар го газил по лицето.

    – Влегоа со своите кучиња. Ги пуштија кучињата да не нападнат, а потоа почнаа да не тепаат. Ги извадија душеците, нашата облека, нашите перници и ни ја фрлија храната на подот. Луѓето беа преплашени. Кучето што ме нападна имаше заштитна маска со многу остри рабови – муцката и канџите оставија траги на моето тело – вели Мохамад, покажувајќи на трагите на грбот и рамото, за кои вели дека се од тие тепања.

    Вакви тепања се случиле двапати во затворот Мегидо, вели Мохамад, и повеќе пати во затворот Нафха.

    Други палестински затвореници опишаа слична промена во израелските затвори по нападот на Хамас, велејќи дека ја гледаат како „одмазда“ врз палестинските затвореници за акциите на Хамас.

    Претседателот на Здружението на палестинските затвореници, Абдула ал-Загари, вели дека многу затвореници сведочеле дека луѓето во ќелиите биле тепано по лицата и по телата и дека слушнал извештаи за чувари кои уринирале врз затвореници со лисици.

    Би-Би-Си побара одговор од израелската затворска служба на овие наводи. Службата одговори дека сите затвореници се притворени во согласност со законот и дека ги имаат сите основни законски права.

    „Немаме сознанија за тврдењата што ги опишавте. Сепак, затворениците и притворениците имаат право да поднесат жалба што ќе биде целосно истражена од официјалните власти“ – се вели во соопштението.

    Лама Катер, ослободена од затвор на почетокот на оваа недела, објави видео на социјалните мрежи во кое вели дека истражителите и се „заканувале со силување“ веднаш по нејзиното апсење кон крајот на октомври.

    – Бев врзана со лисици и имав превез преку очите. Ми се закануваа дека ќе ме силуваат. Јасно беше дека сакаа да ме заплашат – изјави Катер.

    Израел вели дека овие тврдења ги изнел нејзиниот адвокат и дека самата затвореничка ги негирала. Затворската служба поднесе пријава за поттикнување лажно сведочење. Но, Лама Катер изјави за Би-Би-Си дека на нејзи и на другите затворенички навистина им се заканувале силување и дека бил употребен солзавец против затвореничките во нивниот дом во затворот Дејмон.

    Здружението на палестинските затвореници вели дека има голем пораст на смртните случаи на Палестинци во притвор по нападот на 7 октомври. По тој датум во затвор починале шест лица.

    Израел не одговори директно на прашањето за ова, но рече дека четворица затвореници починале на четири различни датуми во текот на изминатите недели и дека затворската служба не знаела за причините за смртта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img