More

    Легендите на Реал се воодушевени: Белингем е најкомплетниот играч за врска во модерниот фудбал

    spot_img

    Англискиот играч за врска Џуд Белингем воодушевува со своите настапи во дресот на Реал Мадрид.

    Белингем немаше проблеми да се прилагоди на шпанската престолнина, постигна 15 гола и забележа четири асистенции на 16 натпревари за Кралевите оваа сезона. Предраг Мијатовиќ, Камачо и Гути ги коментираа неговите игри во интервју за АС.

    „Неговиот начин на адаптација, игра и поврзување со соиграчите е фантастичен. Успеа да се поврзе со Мадрид од првата минута, што ми кажува дека е многу интелигентен и дека е предодреден да биде играч на Реал. Сè уште не можам да верувам дека сето ова се случува. Поминаа само два месеци и тој веќе игра и се однесува како ветеран. Како да е таму веќе 10 години. Тие што играа во тој клуб знаат дека е многу комплицирано и многу тешко. Тоа ми кажува многу за него, но она што најмногу ме фасцинира, освен головите и играта, е неговото однесување и поврзаноста со клубот. Никој не успеа да го направи тоа толку брзо како него“, изјави Мијатовиќ, а потоа продолжи Камачо.

    „Сега тој е врвен играч. Мислам дека му недостигаше да дојде во Реал Мадрид за да ја достигне таа висина во фудбалот. Тоа се гледа со игрите за Реал и Англија. Пред него има уште многу години игра. Тој е модерен играч и секој тим би го посакал. Ова е само почеток и се надевам дека ќе има трпение и среќа во продолжението на кариерата. Ако во одреден момент стане број еден, тоа ќе има големо влијание врз Мадрид. Предвидувам голема иднина за него“.

    Гути заклучи:

    „Тој е најкомплетниот играч за врска во модерниот фудбал. Ги има сите квалитети да игра во модерниот фудбал. Тој е моќен, добро доаѓа од втор план, а згора на се и многу голови. Неговата игра, харизма и начинот на кој го освои Бернабеу го промовираат во лидер во соблекувалната. Накратко, ова е големо засилување што го донесе Флорентино. Ова е играч кој уште од самиот почеток знаеше дека сака да дојде во Реал и тоа му беше единствената цел. Ова го направи популарен и кај фановите, а тој ужива. Живеј го твојот сон во Реал. Кога сето тоа ќе се собере, тогаш ги имаме сите предиспозиции тој да стане играч кој ќе одбележи ера“, рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img