Српската водителка Јована Јеремиќ неодамна откри дека е во среќна врска со 14 години постар бизнисмен, а сега откри дека од него добила прстен!
Водителката призна дека е во врска со маж кој го држи подалеку од очите на јавноста и кој и ги исполнува сите желби.
Сепак, иако го крие, сега реши да сподели фотографија со него, односно во кадарот им беа само рацете.
Сликата можеби ќе останеше незабележана, доколку Јована не напишеше дека добила прстен од својот маж, сличен на нараквицата што ја доби од него за нејзиниот роденден.
– Добив и прстен, сега сликата е комплетирана. Доволно ми е да помислам и ќе се оствари кога сакаш чисто срце без интерес. Само затоа што сакаш – напиша Јована под фотографијата.
Многумина помислија дека водителката и бизнисменот се вериле, па во коментарите и честитаа. Сепак, Јована не откри дали се работи за веридба или само подарок.
Интересно е и тоа што фотографијата е слична на онаа што Јована ја објави вчера на која се гледаат машка и женска рака. Таа подоцна призна дека тоа не е нејзина фотографија, како и дека ја земала од Инстаграм.