Стратешки интерес на Македонија се заштита на националните и идентитетски обележја, како и продолжување на евроинтеграциските процеси и влез во ЕУ, нагласил лидерот на ВМРО-ДПНЕ Христијан Мицкоски на средба со Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД.
На средбата Мицковски бил придружуван од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски.
„На средбата соговорниците ги потврдија добрите односи и потребата за ползување на придобивките од стратешкото партнерство на САД со Македонија. Воедно Мицкоски истакна дека стратешки интерес на Македонија, освен членството во Европската Унија, е и заштита на националните и идентитетски обележја на македонскиот народ и Македонија.
Од страна на Мицкоски беше афирмирана потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот како голем проблем на граѓаните, и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата. Соговорниците се осврнаа на повеќе прашања од регионално значење како и идните политики во однос на тие теми и области“ – се вели во соопштението на партијата.