Клиниката за гинекологија и акушерство на својот Фејсбук-профил објави дека вчера заминала дома четворката бебиња од Штип, во добра здравствена состојба и со зголемена телесна тежина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Клиниката за гинекологија и акушерство на својот Фејсбук-профил објави дека вчера заминала дома четворката бебиња од Штип, во добра здравствена состојба и со зголемена телесна тежина.

„Во сигурните раце на мама и на тато, на 29 ноември замина нашата четворка – малата принцеза Леонтина и нејзините тројца браќа Михаил, Теодор и Ведран. Нашите мали, но големи борци родени во 31 гестациска недела си заминаа во добра состојба по 38 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија. Михаил е роден со 1170 грама, а дома си замина со 1.860 грама. Леонтина е родена со 1.100, а ја испративме со 1.810 грама. Теодор е роден со 1.200 грама, а дома си замина со 1920 грама. Ведран е роден со 1.370 грама, а од ОИНТ го испративме дома, во Штип, со 2.000 грама. Докторите и медицинските сестри и акушерки од Клиниката за гинекологија и акушерство на овие мали јунаци им посакуваат среќно детство исполнето со многу здравје, а на среќните родители Благица и Александар полна куќа детска смеа, многу радости и топлина во домот, што ќе им ја донесат овие четири мали сонца.

Доктор Елена Ѓоргиевска Николовска, која „на свет“ ги донесе Михаил, Леонтина, Теодор и Ведран вели дека е прекрасно чувството сите четири бебиња заедно да се испратат дома и порача дека за сите кои беа дел од оваа среќна приказна, тоа било огромен предизвик“, напиша ГАК во објавата.

Share This Article