Регион богат со нафта ги скара соседите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Бразил ги засили одбранбените акции долж својата северна граница додека го надгледува територијалниот спор меѓу соседите Гвајана и Венецуела, соопшти вчера Министерството за одбрана.

„Министерството за одбрана ја следи состојбата. Засилени се одбранбените дејствија во северниот пограничен регион на земјата, со што се промовира поголемо воено присуство“, се наведува во соопштението, пренесуваат агенциите.

Одлуката на Бразил да премести повеќе свои воени ресурси на северот од земјата доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Венецуела и Гвајана околу регионот богат со нафта познат како Есекиба или Есекибо, што сочинува повеќе од две третини од вкупната копнена маса на Гвајана.

Тврдењата на Венецуела за Есекибо, што се извор на долготраен територијален спор, повторно се разгореа во последниве години откако Гвајана откри нафта и гас во близина на поморската граница. Овој регион опфаќа повеќе од две третини од вкупната територија на Гвајана.
Венецуелците на 3 декември ќе гласаат на референдум за „правата“ на Есекибо.

Меѓународниот суд на правдата (МСП) се очекува утре да донесе одлука за барањето на Гвајана за поништување на референдумот. Владата на Венецуела соопшти дека ќе продолжи со постапката без разлика на сè.

Венецуела протестираше против тендерот за нафта што Гвајана го почна во септември, тврдејќи дека оф-шор областите се спорни и дека компаниите што ги доделиле полињата нема да имаат права да ги истражуваат.

Американските медиуми наведуваат дека Венецуела отсекогаш ја сметала Есекиба за своја територија бидејќи тој регион бил нејзин дел за време на шпанското колонијално владеење.

Интересот на Венецуела за Есекиба значително се зголеми во 2015 година кога американската компанија „Ексон Мобил“ (ExxonMobil) објави дека пронашла комерцијално исплатливи количества нафта во наоѓалиште крај брегот на спорниот регион.

Share This Article