Невработеноста во Германија порасна на 5,9% во ноември од 5,8% во октомври

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Невработеноста во Германија порасна на 5,9% во ноември од 5,8% во октомври, објави денеска германската Федерална канцеларија за труд.
Бројот на невработени во Германија се зголемил за 22.000 лица, на вкупно 2,702 милиони невработени, се наведува на веб-страницата на организацијата.

На годишна основа, бројот на невработени е зголемен за 175.000 во однос на ноември 2022 година.
Највисоки стапки на невработеност сè уште се присутни во сојузните покраини Берлин и Бремен, а најниски во Баден-Виртемберг и Баварија.
Во ноември во Германија имало 733.000 слободни работни места, 90.000 помалку од истиот месец минатата година.

Share This Article