More

    Нема да имам средба со Сергеј Лавров, одговори премиерот Димитар Ковчевски пред министерскиот состанок на ОБСЕ

    spot_img

    Нема да имам средба со Сергеј Лавров, одговори премиерот Димитар Ковчевски пред министерскиот состанок на ОБСЕ.

    Ковачевски изрази надеж дека состанокот ќе биде успешен и дека ќе се донесат сите потребни одлуки кои веќе се договорени на ниво на амбасадори.

    Според него, секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија врз Украина – некои со неприсуство, други со јасно искажани ставови.

    – Истото ќе го направам и јас – најави Ковачевски.

    Според премиерот, ова не е дипломатска победа на Русија туку на ОБСЕ, бидејќи вака ќе продолжи да функционира и да биде гарант за развој на демократските и мировни процеси во Европа.

    – Ако ОБСЕ пред 30 години ни помогна нам, денес Северна Македонија му помага на ОБСЕ да продолжи да биде најголема незбедносна организавција на Европа – порача Ковачевски.

    Инаку, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пристигна на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што се одржува во Скопје.

    Лавров, кој беше пречекан од министерот за надворешни работи Бујар Османи, не даде изјава за медиумите при пристигнувањето.

    За доаѓањето на шефот на дипломатијата на Руската Федерацијa, земјава времено ги суспендира санкциите воведени од ЕУ за прелети на руски авиони поради руската агресија на Украина.

    Авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров допатува во Скопје на Министерскито совет на ОБСЕ, прелетал преку воздушното пространство на Турција и на Грција, а не и на Бугарија, јавија руските медиуми. Менувањето на рутата за летот е поради одбивањето на бугарските власти да доволат прелет на авион во кој се наоѓа портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Летот траел повеќе од пет часа.

    По потврденото присуството на Лавров, форумот решија да го бојкотираат министрите за надворешни работи на Украина Дмитри Кулеба, на балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија и на Полска.

    На Министерскиот состанок се очекуваат одлуки за изборот на претседавач за 2024 година, за што на подготвителниот состанок на амбасадори на 57-те земји членки неделава во Виена е постигнат консензус тоа да биде Малта, а треба да се одлучува и за буџетот, како и за именувања за клучните позиции во институциите на ОБСЕ.

    Руски медиуми пред неколку дена пренесоа дека Русија побарала од Северна Македонија, која претседава со ОБСЕ оваа година, да издаде визи за нејзината делегација за министерскиот состанок од 30 ноември до 1 декември. Русија, според руските медиуми, бара визи за 85 членови на руската делегација за учество на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје. Во делегацијата ќе бидат рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, „неговиот лекар, техничкиот персонал, обезбедувањето“, 17 дипломати и 24 новинари, наведуваат руски медиуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img