More

    Болката во овој дел од телото може да биде скриен знак за рак на простата

    spot_img

    Секоја болка и непријатност во пределот на препоните може да биде загрижувачка, но болката во долниот дел на грбот бара посебна претпазливост бидејќи може да биде знак за рак на простата, предупредува британскиот доктор Кишан Витлани за The Mirror.

    На секој осми маж ќе му биде дијагностициран рак на простата, па затоа е од витално значење да се направи скрининг што е можно порано. Постои и рак на тестисите, кој е почест кај помладите мажи и може да се излечи во 95 отсто од случаите доколку се открие рано.

    „Ракот на простата е потешко да се забележи, но некои симптоми кои укажуваат на тоа се честа потреба за мокрење, особено ноќе, отежнато мокрење или чувство дека мочниот меур не е целосно празен по мокрењето. Ако видите крв во урината или чувствувате болка во долниот дел на грбот, веднаш контактирајте го вашиот лекар“, рече докторот.

    Болката во долниот дел на грбот или болката во коските е еден од помалку познатите симптоми. Губење на апетит или ненамерно губење на тежината исто така може да биде причина за загриженост.

    „Ракот на простата обично не покажува симптоми додека не порасне. За разлика од ракот на тестисите, тој не предизвикува никакви видливи симптоми додека не стане доволно голем за да изврши притисок врз уринарниот тракт или мускулите и коските во карлицата“, истакна д-р Витлани.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img