Поранешниот супермодел Паулина Поришкова (58) сака да ги мотивира сите жени да стареат природно, да не слушаат критики и да научат да се чувствуваат одлично во своја кожа, без разлика на возраста.
Иако е на прагот од шеесеттите години, таа сепак гордо го покажува своето тело и му порачува на светот дека сè уште е секси, а неодамна се фотографираше гола на насловната страница на ноемвриското издание на чешкиот магазин „Ел“.
Таа е меѓу ретките познати личности кои одбиваат да направат пластични операции и на социјалните мрежи редовно се прикажува себе каква што навистина е. Како што еднаш кажа и самата – тогаш се чувствува најмоќна.