More

    Страшни сцени во Шпанија, пронајдени четири тела: „Скони или ќе те застрелам!“

    spot_img

    Четворица мигранти загинаа откако биле оттурнати од глисер веднаш до плажата во Кадиз во јужна Шпанија, соопшти во средата шпанската цивилна гарда и спасувачка служба. Глисерот превезувал вкупно 27 имигранти, од кои 23 преживеале.

    Фотографиите објавени на социјалните мрежи и на локалните медиуми, чија автентичност сè уште не е потврдена од Ројтерс, покажуваат црн чамец на надувување во близина на плажата со луѓе на него како фрлаат други луѓе во морето, кои почнуваат да пливаат во морето.

    „Видовме како доаѓа чамец на шверцер на дрога, но тие не шверцуваа дрога, на него имаше мигранти. Одеднаш почнале да скокаат, а некои биле фрлени. Има дури и фотографии на кои се гледа како еден од газдите му се заканува на мигрантот со пиштол како да сака да каже: „Скони или ќе те застрелам“, изјави очевидецот Хавиер Гонзалес за локалната телевизија.

    Додека луѓето на плажата притрчале да помогнат, чамецот брзо се оддалечил. Останатите осум мигранти биле оставени на плажата Санкти Петри во блискиот град Чиклана, каде им помогнал медицинскиот персонал и Цивилната гарда, а тројца биле пренесени во болница поради хипотермија.

    Кадиз се наоѓа на југот на Шпанија, на приближно 20 километри од северноафриканскиот брег.

    И покрај близината, областа Кадиз не е честа дестинација на мигрантските рути од Магреб бидејќи се наоѓа на брегот на Атлантскиот Океан, каде што морските услови се покомплицирани, а надзорот на Гибралтарскиот теснец е интензивен.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img