Ковачевски срдечно го пречека Блинкен во Скопје

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево го пречека американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој во Скопје допатува по повод учеството на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, што се одржува од денеска до 1 декември.

– На средбата попладнево уште еднаш ги истакнавме нашите одлични односи и разговаравме за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на нашиот пат кон полноправно членство во ЕУ и спроведувањето на потребните реформи – објави на Фејсбук премиерот Ковачевски.

На средбата, Ковачевски и Блинкен уште еднаш ги истакнале одличните односи меѓу двете земји и разговараа за поддршката која САД ја даваат во континуитет на Северна Македонија на патот кон членството во Европската унија и спроведувањето на потребните реформи.
Според соопштението на Владата, премиерот Ковачевскил оцени дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог, кој е значајно продлабочен преку стратешкото партнерсто на Северна Македонија и САД.
Ковачевски и Блинкен изразија обострано задоволство од започнувањето на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој очекувано ќе ги продлабочи пријателските односи, подобрување на взаемните политички, економски и други форми на дијалог, образовни и културни врски на двете земји. 

САД високо го ценат придонесот на  Република Северна Македонија како НАТО сојузник, но и во регионален контекст како фактор на стабилност на Западен Балкан. Државниот секретар посочи дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Северна Македонија во нејзините следни чекори кои треба да го обезбедат членството во ЕУ и искажа голема почит за храбрите и државнички одлуки кои Владата ги презема за исполнување на таа цел, се наведува во соопштението од Владата.

Државниот секретар го поздравил успешното претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ и нејзиниот конструктивен пристап во реализацијата на агендата и адресирањето на предизвиците со кои се соочува Организацијата.

Блинкен вечерва треба да учествува на неформалната вечера која му претходи на Министерскиот совет на ОБСЕ кој официјално почнува утре.

Министерскиот состанок во Скопје го одбележува токму присуството на првите дипломати на САД и Руската Федерација Ентони Блинкен и Сергеј Лавров. Виш функционер на Стејт департментот изјави дека не се очекува Блинкен да има каква било средба со Лавров во Скопје.

Share This Article