Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави денеска оти заедно со другите тенисери ќе се обиде да го спречи светскиот рекет број 1. Новак Ѓоковиќ да продолжи да доминира на тениските терени и во следната сезона.
– Ѓоковиќ рече дека е подготвен да ги освои сите четири грен-слем титули, како и олимпиското злато, меѓутоа ние сме тука тоа да го спречиме – порача Алкараз од Мексико, каде денеска учествува на егзибициски турнир.
Алкараз оваа сезона освои шест турнири, вклучувајќи го и Вимблдон, со победа над Ѓоковиќ во финалето, но забележа разочарувачки резултати во вториот дел од годината, бидејќи после лондонскиот турнир не освои ниту еден трофеј.
– Првиот дел од сезоната беше спектакуларен, но потоа после Вимблдон уследи негативен период. Мислам дека тоа е нормално и оти треба да извлечам поука од таквите ситуации – изјави 20-годишниот Алкараз.