Скандалозни фотографии со иредентистичка содржина се објавени на страната на ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Струга. Покрај карти на „Голема Албанија“ се фотографираат наставници и ученици, што претставува отворен сепаратизам и понижување на македонскиот народ, реагира партијата Левица.
„Од фотографиите кои ги доби Левица, евидентно е дека ваквите скандалозни слики стојат со години во училниците. Во ова основно училиште, в.д. директор е Лаура Шате, за која постојат сомневања дека е незаконски назначена од страна на Рамиз Мерко.
Очаен е молкот на анти-македонската СДС, која е поданички поставена пред дивеењето на ДУИ. Левица бара итно разрешување на директорката Шате, како и отстранување на иредентистичките слики. Левица ќе поднесе и претставка до Државниот просветен инспекторат, со цел да се санкционира ваквото скандалозно однесување, како и да се испита постапката на кој начин е поставена в.д. директорката. На анти-македонското дивеење на ДУИ мора да му дојде крај – пишува Левица во соопштение.