Захарова тврди дека Западот правел опструкции пред самитот на ОБСЕ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На неколку руски новинари не им беше дозволено да го следат состанокот на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ во Скопје, изјави  портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа коментираше дека една од функциите на ОБСЕ е токму заштитата на новинарите, пишува руски Спутник.

Таа смета дека претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро „не се ни преправа дека не работи“ и дека завршила апсолутно неуспешна работа.

Според Захарова, Москва забележала дека некои земји од Западот се мешале во нормалното учество на Русија на самитот.

– Тие, всушност, го ставија на коцка самото постоење на организацијата – додаде таа.

Портпаролката на руското МНР истакнала дека продолжуваат подготовките за посетата на руската делегација на состанокот на ОБСЕ во Скопје.

Share This Article