Бугарскиот патријарх Неофит е хоспитализиран во Воената медицинска академија (ВМА) во Софија поради белодробно заболување, соопшти утрово канцеларијата на Синодот на Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија (БПЦ).
Синодот на БПЦ ги повикува верниците да се молат за здравјето на патријархот.
На својата веб-страница, БПЦ објави информација дека бугарскиот патријарх Неофит е примен на ВМА.
„Го повикуваме свештенството и верниот богољубив народ сесрдно да се молат за брзо оздравување и возобновување на првиот светител на нашата родна црква, како и да ги прифатат како веродостојни само информациите објавени од Светиот синод на БПЦ-БП“, наведено е во соопштението од БПЦ.