Папата го казни кардиналот што го критикуваше

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Pope Francis speaks during a press conference aboard the papal plane on his flight back after visiting Mongolia, September 4, 2023. Vatican Media/­Handout via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY.
- Advertisement -
Ad image

Папата Франциск одлучи да го казни кардиналот Рејмонд Бурк, еден од неговите најголеми критичари. Нему му беа одземени правата за субвенциониран стан и плата во Ватикан, потврдија две лица запознаени со одлуката.

На минатонеделниот состанок на шефовите на канцелариите на Ватикан, папата рекол дека се противи на Бурк бидејќи тој е изворот на „разединувањето“ во црквата, според еден од учесниците на состанокот, пренесуваат медиумите.

Учесникот зборувал под услов да остане анонимен бидејќи не бил овластен да ја открие содржината на средбата. Папата Франциск објаснил дека ги укинува придобивките на Бурк од субвенциониран стан во Ватикан и плата како пензиониран кардинал затоа што ги користел привилегиите против Црквата, потврдил и друг извор од Ватикан.

Бурк, 75-годишен канонски адвокат, кој папата Френциск го отпушти од функцијата судија на Високиот суд во Ватикан во 2014 година, стана еден од најострите критичари на папата, посебно на неговото обраќање до ЛГБТК и реформскиот проект за да се направи Црквата поодговорна на потребите на обичните верници.
Бурк двапати им се придружи на другите конзервативни кардинали во поставувањето формални прашања на папата, познати како „дубиа“, барајќи од него да ги разјасни работите од доктрината што ги вознемири конзервативците и традиционалистите. Тие најпрво го замолија папата Франциск да го разјасни неговиот пристап кон разведените и граѓански повторно венчани католици, но папата никогаш не одговори на тие прашања.

Друг пат прашаа дали истополовите парови можат да добијат црковен благослов и го добија одговорот „можеби“. Потоа, пред големиот состанок на папата со бискупите минатиот месец, Бурк претседаваше со еден вид контра-синод на само неколку чекори од плоштадот Свети Петар во Рим, пишува Гардијан.

Таму, Бурк остро ја осуди визијата на папата за „синодалност“, како и неговиот целокупен проект за реформа на црквата.

– За жал, многу е јасно дека повикувањето на Светиот Дух од некои е насочено кон унапредување на агендата која е повеќе политичка и човечка отколку црковна и божествена – рече Бурк на конференцијата наречена Синодален Бабел.

Бурк отсекогаш ги бранел своите постапки за кои истакнува дека се во служба на црквата и папството, велејќи дека негова должност како кардинал и епископ е да го поддржува црковното учење и да ги исправа грешките.

– Овците зависат од храброста на овчарите кои мора да ги заштитат од отровот на збунетоста, грешката и поделеноста – рече тој на конференцијата на 3 октомври и доби аплауз од мнозинството.

- Advertisement -
Ad image

Бурк, кој поголемиот дел од своето време го поминува во САД, е вториот американски прелат кој се соочува со казна во новата фаза на понтификатот на Франциск. Оваа реформска фаза во Ватикан се чини дека се забрза со доаѓањето на аргентинскиот кардинал Виктор Фернандез кој беше лично избран од папата за шеф на доктрината.

Папата Бенедикт Шеснаесетти го направи Бурк кардинал во 2010 година, откако го назначи за префект на  највисокиот суд во Ватикан. Откако Френциск го отстрани од таа функција во 2014 година, Бурк беше прогласен за кардинал покровител на Витезите на Малта, престижна, но ограничена улога.

И таму, Бурк и папата Франциск се судрија околу вмешаноста на Бурк во кризата на управувањето со витешкиот ред. Папата го тргна настрана критички настроениот кардинал и назначи двајца последователни пратеници да го заменат.

- Advertisement -
Ad image

Во поново време, се чини дека двајцата биле во несогласување и околу вакцината против Ковид-19. Папата беше поборник за вакцини и ги напаѓаше скептиците за вакцините, вклучително и некои конзервативни католици, а кардиналот бил против неговиот став.

Share This Article