More

    Трет ден ни трага ни глас од 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје – Информацијата за нејзиното исчезнување се шири и во соседните земји

    spot_img

    Трет ден ни трага ни глас од 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која исчезна на 27 ноември. Се трага по девојчето кое тргнало на училиште, но за жал, не стасало таму. Последниот сигнал од нејзиниот телефон е лоциран на булеварот Партизански одреди.

    Од Министерството за внатрешни работи велат дека МВР интензивно и непрекинато работи на случајот.

    – Интензивно работме на пронаоѓање на девојчето, по расчистување на случајот ќе ве известиме – нѐ информираше портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

    Се проверуваат сите блиски и подалечни контакти, како и електронски уреди, за да се добие информација за исчезнатото дете.

    Граѓаните веднаш почнаа да се саморганизираат за да ја најдат Вања, а во нејзината потрага се вклучи и Ловечката федерација. Фотографии со нејзините информации се споделуваат масовно на социјалните мрежи Фејсбук и Инстрагам.

    За нејзиното исчезнување е напишувано и на повеќето јазици од околните земји, а некои познати лица од регионот веќе ги споделуваат апелите на своите социјални мрежи со надеж за брзо пронаоѓање на Вања.

    Според описот на потерницата, Вања е висока 175 см, тешка 58 кг, има коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби, има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.

    Последен пат била видена во Дебар Маало, на патот до училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“, а за нејзиното исчезнување на Фејсбук информираше нејзината мајка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img