More

    Европските банкари дуваат и на матеница

    spot_img

    Економскиот раст во земјите од еврозоната најверојатно ќе остане слаб до крајот на годината, објави Европската централна банка (ЕЦБ). Високите каматни стапки и слабата побарувачка на потрошувачите го потиснуваат економскиот развој, изјави претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард пред Европскиот парламент. Таа го потврди својот став за монетарната политика.

    Управниот совет на ЕЦБ очекува главните каматни стапки на централната банка на еврозоната да се задржат на „тековното ниво доволно долг временски период за да се врати стабилноста на цените“. Европската централна банка очекува инфлацијата во еврозоната да се стабилизира на ниво од 2%на годишна основа на среден рок. Цените растеа подолг период поради руската воена инвазија на Украина, но инфлацијата во еврозоната се намали на 2,9% во октомври.

    Сепак, Европската централна банка сè уште не е стасана до точката кога треба да размисли за намалување на трошоците за задолжување, смета претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел.

    – Прерано е да се разговара за намалување на стапките. A би и сакал да грешиме поради претпазливост. Би било прерано наскоро да се намалат каматните стапки или да се шпекулира за такви чекори – категоричен е шефот на германската централна банка, додавајќи дека ефектот од борбата против инфлацијата допрва треба да се почувствува.

    Според него, изгледите за намалување на инфлацијата се охрабрувачки, но динамиката на базичната инфлација продолжува да биде силна.

    Експертите се согласни во оценките дека каматните стапки ќе мора повторно да се зголемат доколку инфлацијата пак почне да расте. Во својот полугодишен преглед на финансиската стабилност, ЕЦБ заклучува дека банките во еврозоната се сè уште чувствителни на надворешни шокови.

    – Слабите економски изгледи, заедно со последиците од високата инфлација, ја оптоваруваат способноста на луѓето, на компаниите и на владите да го сервисираат својот долг, изјави потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гуиндос и додаде дека „клучно е да останеме внимателни, додека економијата се движи во средина на повисоки каматни стапки во комбинација со растечките несигурности и геополитички тензии“.

    Добрата вест е дека домаќинствата и компаниите во еврозоната помалку се задолжуваат кај банките. Заемите од банките за домаќинствата во еврозоната во октомври се зголемиле за 0,6% на годишно ниво, што е најбавната годишна стапка на раст од јуни 2015 година, се наведува на веб-страницата на ЕЦБ. Банкарските кредити на компаниите се намалени за 0,3% на годишно ниво во октомври, што претставува прв пад споредбено со јули 2015 година.

    Финансиските институции имаат корист од брзиот пораст на каматните стапки од јули 2022 година бидејќи заработуваат пари од повисоки каматни стапки и самите добиваат камата кога депонираат пари во ЕЦБ. Но, банките во Германија, на пример, имаат многу долгорочни заеми со релативно ниски каматни стапки на нивните книшки, а побарувачката за ново финансирање има тенденција да опаѓа во последните месеци. На пазарите на недвижности, пресвртот на каматните стапки го запре повеќегодишниот раст на цените, а повисоките финансиски трошоци стануваат товар за комерцијалните недвижности.

    Банките во еврозоната „гледаат добивки во профитабилноста од зголемувањето на каматните стапки, но се соочуваат со предизвици од повисоките трошоци за финансирање, влошувањето на квалитетот на средствата и пониското кредитирање“, објави ЕЦБ.

    Европската централна банка оценува дека банкарскиот систем на еврозоната сепак е „добро позициониран да ги издржи овие ризици“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img