More

    Столтенберг: Ќе направиме се за да ги намалиме тензиите и ескалацијата на конфликтите во регионот

    spot_img

    Генералниот секретар Јенс Столтенберг им се обрати на медиумите пред официјалниот почеток на министерскиот самит на НАТО. Лидерот на НАТО повтори дека дел од темите што ќе бидат на дневен ред на овој самит ќе бидат Украина, Кина, Блискиот Исток и регионот на Западен Балкан. Сојузниците ќе разговараат и на темата за проширување на НАТО на Балтикот, бидејќи Шведска сè уште чека одговор на Турција и Унгарија за нејзиното членство во НАТО.

    Одговарајќи на новинарски прашања, Столтенберг уште еднаш се осврна на последните настани во регионот, како и неговата неодамнешна посета на регионот.

    „Само што се вратив од посетата на регионот на БиХ, Србија, Косово, Северна Македонија и се сретнав со лидери од целиот регион. Се разбира, она што го гледаме е дека тензиите растат. Видовме зголемени тензии и запалива реторика во Босна и Херцеговина. Видовме навистина сериозен пример на насилство на Косово, вклучително и напад врз мировниците на НАТО. Ранети се 93 војници на НАТО. Некои од нив беа многу тешко ранети. Видовме инциденти и во Банска во септември во Косово. Значи, ова се сериозни инциденти и ние треба да останеме фокусирани на Западен Балкан во исто време кога, се разбира, се справуваме со војната во Газа и продолжуваме да ја поддржуваме Украина. Бидете уверени, НАТО ќе направи се што е потребно за да ја одржи или обезбеди стабилноста во регионот, бидејќи тоа е важно не само за Западен Балкан, туку и за цела Европа и НАТО. Имаме присуство таму, работиме заедно со Европската Унија. Силите на ЕУФОР се во БиХ. Ние сме присутни на Косово. Во светлината на зголемените тензии што ги имавме во последните недели, додадовме илјада војници во нашето воено присуство на Косово. Ќе работиме тесно со партнерите со сојузниците во регионот за да се осигураме дека правиме се што е можно за да ги намалиме тензиите и да спречиме ескалација на конфликтот“, рече Столтенберг.

    Обраќањето на Столтенберг пред медиумите со американскиот државен секретар Антони Блинкен се очекува подоцна денеска, како и уште една прес-конференција на крајот од првиот работен ден од министерскиот состанок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img