More

    Османи најави повлекување од власта по изборите

    spot_img

    Aко ДУИ изгуби на изборите и со само еден глас разлика, нема да ги претставува Албанците во Владата. Ова вечерва го соопшти потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

    Според него, албанските граѓани се тие кои одлучуваат која политичка партија да ги претставува.

    – И да има ДУИ еден глас помалку од друга политичка партија, од денеска потпишувам во име на ДУИ, во име на Али Ахмети, како портпарол на партијата, како потпретседател на партијата, тврдам, дека ДУИ под никакви услови нема да стане дел од Владата. Албанците во никој случај не можат да бидат претставени во Владата освен од тоа што ја одразува волјата на граѓаните – вели Османи.

    А кога сме кај политичките партии и за тоа кој треба да ги претставува Албанците, во Македонија се најавува дека движењето „Самоопределување“ од Косово ќе отвори свој огранок во Македонија.

    Османи вели дека нема потреба од тоа и дека таквиот обид ќе биде неуспешен.

    Според него, овие најави се обид за поделба.

    – Во Северна Македонија нема потреба од таква интервенција. Нема да успеат како што не успеаја во минатото, туку ќе им остане тој горчлив вкус од обидот да им продадат памет на Албанците од Македонија како треба да се организираат, бидејќи ние не сме од вчера тука. Ја унапреднавме нашата етничка положба со квантни чекори и никој не може да ни каже како се прави политика овде. Се надевам дека овие трендови навистина ќе избледат бидејќи ќе видат дека тука нема плодна почва за поделби – порача Османи.

    Османи истакна дека ваквите тенденции на „Самоопределување“ ги има и во Албанија, Црна Гора и Прешевската долина. Како што додава, службеници на овие земји ја изразиле својата загриженост за поделбите меѓу Албанците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img