More

    Несреќа во рудникот за платина во Јужна Африка, загинаа 11 лица

    spot_img

    Единаесет лица загинаа во јужноафрикански рудник за платина при уривање на лифт кој превезувал работници на крајот на работниот ден, соопшти денеска управата на рудникот „Импала платина“.

    „Во лифтот имало 86 работници, од кои 11 починале, додека останатите се префрлени во болници“, изјавил за Франс прес неименуван портпарол на компанијата, додавајќи дека некои од нив се тешко повредени.

    Во окното длабоко околу илјада метри, на околу 150 километри северозападно од Јоханесбург, лифтот претходно неколкупати запрел за работниците да влезат на крајот од нивната смена.

    Некаде на „третата станица“ лифтот наеднаш почнал да се враќа назад, изјави портпаролот, додавајќи дека е нов и автоматизиран и дека засега не се знае што го предизвикало падот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img