На социјалните мрежи обожавателите истакнуваат дека семејството на починатата Ана Клара Беневидес било присутно на последниот концерт на Тејлор Свифт во Бразил во неделата вечер во Алијанц парк.
Дваесет и три годишната Ана почина откако доживеа кардиореспираторен застој на првиот настап на американската пејачка во Рио де Жанеиро, Бразил, на 17 ноември. На видеата кои кружат на социјалните мрежи се гледаат членовите на семејството на Ана облечени во бели маици со принт на лицето на младата девојка која почина на концертот на Тејлор Свифт.
Нејзиното семејство се фотографирало и со Тејлор Свифт, а пејачката ја испеала песната „Bigger Than the Whole Sky“, која многумина ја протолкуваа како еден вид почит кон починатата девојка.
Неутешниот татко сепак ќе побара да се покрене истрага за да се утврди дали навистина било забренето да се внесува течност на концертот.