More

    Столтенберг пред дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел, најави дека на средбата ќе разговараат и за ситуацијата на Западен Балкан, каде што има „малигни обиди за сеење раздор, вклучително и од Русија“

    spot_img

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Брисел, најави дека на средбата ќе разговараат и за ситуацијата на Западен Балкан, каде што има „малигни обиди за сеење раздор, вклучително и од Русија“.

    – Ќе разговараме и за ситуацијата на Западен Балкан, каде што гледаме сецесионистичка реторика која носи раздор во Босна и Херцеговина и малигни обиди за сеење раздор, вклучително и од Русија – рече Столтенберг на прес-конференција пред дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО која почнува утре во Брисел.

    Генералниот секретар на НАТО го спомена и сериозното насилство на северот на Косово. Тој додаде дека министрите ќе разговараат со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, за тоа како да се зајакне стабилноста во регионот.
    – НАТО веќе испрати дополнителни илјада војници на Косово и размислуваме за потрајно зголемување на нашиот мировен контингент – рече Столтенберг.

    Тој нагласи дека Србија и Косово мора повторно да се вклучат во дијалогот под покровителство на ЕУ.

    – Стабилноста зависи од тоа дали сите страни ќе изберат дијалог и дипломатија наместо конфликт и хаос – додаде генералниот секретар на НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img