Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека ги подобриле односите со сите соседи освен со Хрватска и дека историско најдобри односи имаат со Македонија.
– Бугарите ни замеруваат што ние сме многу популарни од нив во Македонија. Што да правам јас. Со Хрватска ќе имаме подобри односи во иднина кога ќе сфатат дека Јасеновац е срамота и нешто што треба да се заборави. Со Албанија имаме добри, пристојни односи со оглед на прашањето за Косово и Метохија кое тие го викаат само Косово – рече Вучиќ во синоќешната емисија „Хит твит“.
Тој додаде дека многу му се допаѓаат македонските вина но оти не сака да издвои кое вино и од која винарија му е омилено.