More

    Тарантино ќе стане татко по вторпат

    spot_img

    Познатиот режисер Квентин Тарантино (58) и неговата сопруга го очекуваат своето второ дете. Веста доаѓа две години откако двојката го доби своето прво дете – синот Лео, во февруари 2020 година. Тарантино и неговата 20 години помлада сопруга, израелската пејачка и топ-модел Даниела Пик, првпат се сретнаа 2009 година додека режисерот во Израел го промовираше својот филм „Неславни копилиња“.

    Двојката се сврши во јуни 2017., а се венчаа во ноември 2018. во Лос Анџелес. Во интервју со Џими Кимел лани, Тарантино објасни зошто на својот син му го дал името Лео – за кого многумина мислеа дека е именуван по Леонардо Дикаприо, со кого режисерот соработуваше на филмовите „Џанго незауздан“ и „Си беше еднаш во Холивуд“. Тоа испадна дека не е точно, зашто бебето било крстено по дедото на Даниела, „но и затоа што во нашите срца, тој беше нашиот мал лав“, како што изјави тогаш оскаровецот.

    Тарантино и неговото семејство во мигов живеат во Тел Авив, Израел, а Лео учи да говори и англиски и хебрејски јазик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img