More

    Мицкоски најави низа економски планови на ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Пензии повисоки за 5.000 денари во првата година, релокација на 250 милиони евра годишно кон општините за капитални проекти, предвидлива даночна политика и за домашните и за странските фирми, особено кај данокот на профит преку негово олеснување, енергетски базен центар кој ќе произведува 50 отсто од потребите на Македонија, како и посебно министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

    Ова се само дел од нештата кои ги спомена претседателот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски на денешниот панел на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на кампањаа „Важно е! Од тебе зависат промените“.

    Средствата за општините ќе биде водечки проект

    Мицкоски во економската дебата со граѓаните претстави дел од плановите на партијата за идната можна влада која би ја предводела ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека планот е општините да добијат 1 милијарда евра во рок од четири години за капиталните инвестиции. Тој потсети дека со актуелната влада на СДСМ и ДУИ граѓаните немаат водоводи, канализација, немаат асфалт, училишта и градинки.

    – Затоа што овие од безрбетници кои ја понижија и опљачкаа Македонија устата им е полна со Европа, но некако граѓаните во Македонија ги немаат можностите да ги имаат основните услови за живот – изјави Мицкоски и додаде:

    – Ние нема да бидеме влада која ќе инвестира само во општините каде што се градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку планираме да бидеме влада која ќе инвестира на целата територија без разлика од која политичка партија е градоначалникот или пак е независен. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ планира веднаш половина од оваа сума во 2024 година да инвестира и цела сума во 2025 година. Тоа ќе биде еден од водечките проекти, да ја доближиме работата владата до секој наш граѓанин. Перцепцијата кај народот сега е дека сите се исти, да ја смениме таа перцепција, да може граѓаните го почувствуваат бенефитот од работата на владата.

    Линеарно покачување на пензиите

    Тој потоа зборуваше за линеарно покачување на пензиите.

    – Преку една дебата која што ја водиме во рамките на партијата во изминатиот период и преку оние информации кои што ги имаме за моменталната состојба на буџетот, но и за очекувањата за обврските во периодот што следи можам да кажам дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ во рок од една година линеарно ќе ги зголеми пензиите од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија. И ова е ветување кое што сакам да го дадам од оваа говорница, од оваа трибина дека во рок од една година од изборот на влада на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите ќе ги добијат линеарно тие 5.000 денари зголемување на пензиите – потенцираше Мицкоски велејќи дека пензионерите го заслужуваат тоа.

    Македонија како земја која ќе има најнизок данок на профит

    Според Мицкоски Македонија мора да има предвидлив даночен систем и одредени намалувања на данокот на профит за земјата меѓународно да се профилира како земја со најнизок данок на профит. Тој рече дека овие олеснувања би важеле и за македонските и за странските компании.

    – И тука би сакал да дадам една најава, планираме сериозно да интервенираме во данокот на добивка и тоа за секоја компанија, без разлика дали е домашна. Можеби компанија која што ќе дојде од Европа и светот, која што својот профитен центар или седиште ќе го донесе во Македонија, за деклариран профит до 20 милиони евра данокот ќе остане ист, 10%, нормално, ако е реинвестиран 0%. Ако пријави профит околу 20 и 30 милиони евра, данокот ќе биде 8%, од 30 до 50 милиони евра ќе биде 6%, а над 50 милиони евра данокот ќе биде 5%, со што Македонија ќе се профилира како држава со најнизок данок на профит. Затоа ги повикувам, не само домашните компании, туку и компаниите во регионот, во Европа, па и во светот своите профитни центри да ги префрлат тука, во Македонија и да заштедат во својот бизнис средства кои што ќе им бидат потребни понатаму да го развиваат својот бизнис – рече Мицкоски.

    Фотоволтаиците се скап спорт, ни треба модернизација на РЕК Битола и на Осломеј 

    Во однос на темата енергетика Мицкоски смета дека енергетика е основа на економијата. Но, според него, во Македонија има еден „скап спорт“, „еден вид златна треска кога станува збор за инвестиции во соларни панели, фотоволтаици, сега во последно време се слуша за ветерни електрани итн“. Тој вели дека постои желба да се инвестираат 7 до 8 илјади мегавати, речиси 10 пати повеќе од РЕК Битола, но дека таа енергија „треба да се закачи на жица“.

    Тој вели дека во моментот Македонија може да дистрибуира само 20% од таквата енергија. Тој посочи дека има многумина граѓани, компании кои што подбуцнати од определени центри во Владата земаат кредити, се задолжуваат за да вложат во еден ваков објект, а потоа за жал најголемиот дел од нив прво не можат да го закачат на мрежа, односно да се приклучат. А, второ и цената која што ја очекувале кога го правеле бизнис планот не е таква, каква што е.

    Решението Мицкоски го гледа во сопствен произведен центар на базна енергија, односно во модернизација на РЕК Битола и на Осломеј за оваа цел:

    – Кога мене би ме прашале како ја гледам иднината, ние мора да имаме како држава базна енергија. Ние мора да имаме производен центар кој што ќе произведува базна енергија. Без базна енергија која што ќе биде најмалку 50-тина проценти од портфолиото на државата ние како држава не можеме да функционираме – нагласи Мицкоски.

    Посебно министерство за рударство, енергетика и минерални суровини

    Притоа, според Мицкоски, за ова ќе биде потребно ново и посебно министерство кое ќе ги опфаќа секторите рударство, енергетика и минерални суровини, сектори кои во моментов се на ниво на одделенија под министерството за економија.

    На истиот панел економскиот експерт Трајко Славески зборуваше за инфлацијата во државата. Според него владата на СДСМ и ДУИ предизвика состојба на секојдневни штрајкови, зголемена инфлација и состојба на стагфлација и затоа потребен е нов општествен договор со синдикатите и пензионерите.

    Збор зеде и пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој зборуваше за инфраструкурата. Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради 120 километри автопатна мрежа, дека ќе го заврши автопатот од Кичево до Струга, од Прилеп до Битола, како и делот од Битола до граничниот премин Меџитлија.

    – Ќе се модернизира и дигитализира катастарот, ќе се бустира секторот градежништво за 30%. Ќе има 30% повеќе работници, 30% поголема плата и Македонија ќе стане огромно градилиште. ВМРО-ДПМНЕ во мандатот ќе успее да отпочне со изградба, ќе дозаврши и ќе допроектира над 120 километри автопатна мрежа – изјави Стојаноски.

    Стојаноски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заврши и пругата до Бугарија, а ќе продолжи и да ги субвенционира евтините летови.

    Ништо без сузбивање на сивата економија

    Анастасија Илиеска, член на Комисија за финансии и буџет на ВМРО-ДПМНЕ рече дека мора да постои борба со сивата економија која е во пораст во Македонија од 2017 година па наваму, а дека владата на СДСМ и ДУИ не презела ниту една мерка против ова.

    – Ова е борба на сите нас заедно против сивата економија или неформалната економија и корупцијата. Сите овие проекти кои претходно ги споменавме нема да бидат возможни да ги оствариме доколку не работиме на сузбивање, намалување на сивата економија. Огромниот процент на сивата економија повеќе од 33% во Македонија е далеку од европскиот просек од 19,4% – истакна Илиеска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img