Претседателот на Abraham Group и извршен директор на Aluminij, Амир Грос Кабири, повторно се огласи на платформата X.com по тужбата што против него ја поднесе градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ.
Имено, тој сега се огласи на социјалните мрежи и изјави дека градоначалникот на Сараево користи политичко влијание за, како што вели, да го замолчи.
„Употребата на државните институции за замолчување на легитимната критика е карактеристика на диктатурата, а Босна и Херцеговина е демократија. Во обид да ме спречи да го искажам своето мислење, Бенјамина Кариќ ја користи својата политичка позиција за да ме затвори. Нема да успее“, напиша Кабири.
Да потсетиме, Кариќ пред неколку дена на социјалните мрежи објави дека поднела кривична пријава против Кабри до Федералната полициска управа.
„Немав намера да реагирам како што реагирав, но по се позачестените пораки од Кабири се чувствував загрозено, исплашено особено за моето тригодишно дете, па поднесов жалба. Покрај пријавата до Федералната полициска управа, ќе поднесам и тужба за клевета“, изјави Кариќ.