More

    Пожарникарите сведочат за размерите на катастрофата во Фалише

    spot_img

    На пожарникарите им биле потребни шест-седум часа за да го стават под контрола пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово. На моменти ситуацијата била толку опасна, што поради температурата која што се развиле при горењето на боите и хемикалиите, пожарникарите не можеле да се приближат на повеќе од 50 метри од жариштето.

    – Разредувачи, бои во боци, гипсови и други хемикалии беа зафатени од огнот. Повеќе од 50 метри не можевме да се доближиме до огнот поради огромната температура. Шофершајбната на еден од камионите се стопи, додека на друг се стопија ретровизор и штопови – вели за ДВ Бобан Трпкоски, противпожарен инструктор од Тетово.

    Тој е незадоволен што фабриката немала никаков систем за гасење на пожарот, иако работи со запалливи материјали, па пожарникарите морале да се снаоѓаат како знаат и умеат и да ги полнат камионите во соседните фабрики.

    Допрва ќе се утврдува колкави се последиците од горењето на стотина тони опасни хемикалии, кои завршија и во воздухот и во почвата. Екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово се на терен, а резултатите ќе бидат готови за неколку дена. Тие се надеваат дека состојбата на водата ќе биде во ред, бидејќи бушотината од која што се црпи вода е на длабочина од 50 метри.

    Со оглед на тоа дека од пожарот ќе има загадување и на воздухот, се апелира до граѓаните да внимаваат. Министерката за животна средина Каја Шукова вели дека, за жал, загадувањето не може да се измери, бидејќи станува збор за органска материја, а во земјава нема акредитирана лабораторија, што може да мери испарување на органски загадувачи во воздухот.

    – Општината треба да провери дали овој склад работел со предвидени мерки, а особено противпожарни мерки и дали има елаборат за заштита на животната средина. Затоа постојано посочуваме кога се отвараат било какви објекти каде што се работи со вакви материи, да се почитува законската регулатива во делот на животната средина – изјави министерката Шукова.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img