More

    Преполни болници во Кина, наставата откажана во многу училишта поради непозната респираторна болест

    spot_img

    СЗО побара од Пекинг детални информации за порастот на „недијагностицираните респираторни заболувања“ кај кинеските деца, пишува германски Билд.

    СЗО го повика кинеското население да преземе „мерки за намалување на ризикот“, додава Билд.
    Информациите дека детските болници во северните делови на земјата се полни со болни деца од октомври, ја објавија кинеските независни медиуми, но властите одговорија дека станува збор за „ширење на познати патогени, како што се грипот и бактериските инфекции, поради укинување на рестрикциите воведени поради ширењето на корона вирусот“.

    Се чини дека ситуацијата се влошува, па глобалниот систем за следење на епидемијата „Промед“ предупредува на епидемија на „недијагностицирана пневмонија“ кај децата.

    „Овој извештај укажува на широко распространета појава на недијагностицирана пневмонија. Воопшто не е јасно кога започна оваа епидемија, бидејќи би било невообичаено толку брзо да се зафатат толку многу деца“, се вели во извештајот на Промед, пренесува Билд.

    Најновото предупредување се заснова на извештаите за преполни болници во Пекинг и североисточниот дел на Лиаонинг, како и во крајбрежниот град Ксијамен.

    Наставата беше откажана во многу училишта, бидејќи не само учениците, туку и наставниците се разболеа од пневмонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img