Денеска во најголемиот дел од земјата ќе преовладува променливо облачно време, во претпладневните часови со слаб локален дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а дневната од 8 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаба магла и со слаб до умерен северен ветер со температура од 7 до 11 степени.
Утре нѐ очекува променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на ноќта во северозападните делови ќе има врнежи од дожд.
Минималните утрински температури благо ќе опаѓаат и ќе се движат од 1 степени до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 10 степени до 16 степени.