More

    Манекенка го тужи Ексл Роуз за сексуален напад

    spot_img

    Контроверзниот фронтмен на групата „Ганс енд роузес“ Ексл Роуз е познат по одличниот вокал, но и по своето однесување, тепачки и тужби. Манекенката ги обелодени скандалозните детали во јавноста и го обвини пејачот за насилничко однесување, но тој по повод обвиненијата не се огласи.

    Глобално популарниот фронтмен на „Ганс енд роузес“, Ексл Роуз (61) ќе се појави пред суд за наводен сексуален напад на поранешната манекенка на Пентхаус, Шајла Кенеди пред 34 години, која тврди дека „ја влечел како пештерски човек“ и ја злоставувал објави американскиот портал ТМЗ.

    Кенеди поднела тужба против Роуз, тврдејќи дека ја врзал и имал секс со неа за време на забава во 1989 година.

    Според документите до кои дојде ТМЗ, Кенеди изјавила дека го запознала Ексл во клуб во Њујорк во февруари 1989 година и присуствувала на приватна забава во неговиот хотелски апартман, каде што таа тврди дека имало куп луѓе кои се дрогираат.

    Понатаму се тврди дека Роуз продолжил да ѝ се  додворува, што ѝ било прифатливо на почетокот, додека собата не се испразнила, така што останала само уште една манекенка.

    Кенеди истакнува дека го видела Роуз како има „агресивен сексуален однос“ со друга манекенка пред да отиде во друга соба со неговиот пријател, а потоа „работите се влошиле“.

    Како што таа тврди, Рауз ја повлекол за коса во кревет, и ги врзал рацете со хулахопки и сексуално ја нападнал.

    Кенеди рекла дека никогаш не се согласила на секс и дека се чувствувала дека тој е надмоќен додека сето тоа се случувало, а по тој чин, рекла дека излегла во шок, а потоа следувале анксиозност и депресија.

    Таа тврди дека љубовниот живот и бил нарушен и дека сега бара обештетување, а Ексл Роуз се уште не се огласил за ова.

    „Роуз ја искористи својата слава, статус и моќ како славна личност и изведувач во музичката индустрија за да манипулира, контролира и насилно да ја нападне Кенеди“, се вели во жалбата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img