More

    Поранешен советник на Обама малтретира уличен продавач на Менхетн

    spot_img

    Стјуарт Селдовиц, поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама, е снимен како малтретира продавач на халал храна од Менхетен, нарекувајќи го „терорист“. Повеќе видеа објавени на Твитер покажуваат како Селдовиц го фотографира продавачот и дава исламофобични коментари.

    „Ако убивме 4.000 палестински деца, знаеш што? Тоа не беше доволно“ – вели поранешниот советник за безбедност во Белата куќа.

    Продавачот, кој не е идентификуван, бара од Селдовиц да си замине, а потоа се заканува дека ќе повика полиција.

     

    Њујоршката полиција вчера соопшти дека не е поднесена пријава против поранешниот советник на Обама, но потврдија дека командирот на 19-тата станица знаел за снимките.

    Снимките со провокациите на Селдовиц се проширија на Интернет во време на зголемени тензии меѓу про-израелските и пропалестинските групи низ САД. Тензиите се особено присутни во Њујорк, каде речиси секојдневно има демонстрации, а забележан е и пораст на антиисламските и антисемитските злосторства од омраза.

    На снимката се гледа како Селдовиц се враќа на истата локација повеќе пати и секој пат одбива да замине.

    „Ова е слободна земја – не е како Египет“ – вели тој во еден момент.

    Во истиот клип, тој го нарече продавачот „неук“ затоа што не зборува англиски пред да продолжи да дава потсмешливи коментари за основачот на исламот, пророкот Мухамед.

     

    Селдовиц телефонски за Њујорк Тајмс изјави дека не ја видел снимката, но дека се започнало откако го прашал продавачот дали е Египќанец. Тој тврди дека продавачот за време на разговорот му изразил поддршка на Хамас, иако ниту една од објавените снимки не го покажува тоа.

    – Во тој момент прилично се вознемирив и му кажав работи за кои, во ретроспектива, веројатно се каам. Наместо да се фокусирам на него и на она што тој го кажа, се фокусирав на навреда на неговата религија и слично – признал поранешниот советник на Обама.

    На прашањето зошто постојано се враќа на локацијата, тој одговори дека сака да провери дали продавачот „се уште е поддржувач на Хамас“.

    И покрај тоа што неколку пати беше снимен како светата личност на религијата, пророкот Мухамед, го нарекува „силувач“, Селдовиц во изјавата инсистираа на тоа дека не е исламофоб.

    – Работев со муслимани… Познавам многу луѓе кои се муслимани и арапски и така натаму, кои многу добро ме познаваат и кои знаат дека немам предрасуди кон нив – вели Солдовиц, иако објавените снимки покажуваат нешто сосема друго.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img