More

    Медведчук е украински државјанин

    spot_img

    Руските власти сугерираат дека не би се согласиле на размена на затвореници меѓу кои и Виктор Медведчук, кумашинот на Владимир Путин, кој вчера беше заробен од украинските сили. Според официјален Кремљ, треба да се има предвид дека Медведчук е украински државјанин, кој се наоѓа во Украина. Кум на неговата најстара ќерка Дарја е токму рускиот претседател.

    Од Кремљ соопштија и дека ќе го следат случајот, но ја критикуваа Украина, велејќи дека „го гони човекот поради неговите политички ставови“.

    – Односот на властите во Киев кон украинскиот опозициски политичар Виктор Медведчук е живописна илустрација за тоа каков е всушност режимот во Киев – изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ и додаде:
    – Москва внимателно ќе ја следи ситуацијата околу Медведчук и ги повикува европските политичари да го сторат истото. Русија очекува Европејците да ги применат своите стандарди за слобода на говор за да го запрат прогонството на една личност врз основа на неговите политички ставови.

    Украина вчера соопшти дека го уапсила Виктор Медведчук, проруски украински политичар.

    – Предлагам со Руската федерација да направиме замена, нивното момче за нашите момчиња и девојчиња кои се во руско заробеништво – изјави доцна синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски, што го даде доцна синоќа во своето обраќање до јавноста.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img