More

    Столтенберг во Скопје рече дека нема закани за Македонија

    spot_img

    НАТО внимателно следи што прави Русија на Западен Балкан, но засега не гледаме воена закана од Русија за која било членка на НАТО или за регионот – рече генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој престојува во Скопје на самит на лидерите од регионот. Тој имаше средби со шефот на државата Стево Пендаровскипремиерот Димитар Ковачевски, а одржа говор и пред пратениците во Собранието.

    Премиерот Ковачевски, пред официјалниот почеток на неформалниот состанок на лидери на сојузниците од НАТО од регионот, посочи дека одржувањето на овој состанок токму во Скопје, е уште една потврда дека Северна Македонија е ценет партнер во НАТО и фактор на стабилност во регионот. Ковачевски рече дека земјава заедно со НАТО се бори против руското влијание во регионот и институциите си ја вршат работата.

    – Нема закана за безбедноста и стабилноста на Македонија и на регионот од Русија, се согласија Ковачевски и Столтенберг на заедничката прес-конференција во Скопје.

    Столтенберг ѝ порача на Русија да се воздржи од агресивни дејствија против соседите и да престане со воената агресија врз Украина.

    – Остануваме претпазливи, внимателно следиме што прави Русија и ќе останеме обединети. Имаме воено присуство во овој регион, со КФОР, со Генералштабот во Сараево и со канцеларии во Белград, и подготвени сме брзо да се зголемиме и да направиме сè што е потребно за да го заштитиме секој сојузник од каква било закана – рече Столтенберг.

    Тој ја посочи Северна Македонија како земја која е успешна во многу работи, вклучително, како што рече „и успешно мултиетничко општество, кое им демонстрира на регионот и на светот дека луѓе со различна припадност можат да живеат заедно на мирен начин“.

    – Северна Македонија е високо вреднувана алијанса и тоа се гледа од фактот дека самитот на НАТО лидери денеска се одржува тука. Ќе дискутираме за безбедноста со лидерите, но и ќе се осврнеме на предизвиците со кои се соочуваме надвор од границите на овој регион, рече Столтенберг.

    Во обраќањето пред претаниците Стотенберг побара од нив да работат за членство во ЕУ како што работеа за НАТО.

    Тој го поздрави и договорот помеѓу Хамас и Израел кој, како што рече би требало да доведе до ослободување на заложниците и ќе овозможи доставување на хуманитарната помош.

    Поради здравствени причини, како што информираа од Владата, премиерот на Република Словенија – Роберт Голоб, нема да биде во можност да присуствува на денешниот состанок.

    Црногорскиот премиер Спајиќ, на пристигнувањето изрази задоволство што неговото прво патување е на НАТО самит во Северна Македонија, која како што нагласи, е во срцето на Балканот и ги покажува заложбите на Алјансата на Балканот.

    Албанскиот премиер Еди Рама, на пристигнувањето, изрази задоволство што сите од регионот се заедно денеска, во едно турбулентно време за светот, со кризи кои имаат потенцијал да го зафатат и нашиот регион.

    -Треба да се фокусираме на одбрана на тоа што веќе го имаме, што можеби не е најквалитетниот мир, но е мир. Мир, што треба да ги зајакнеме и сите треба да се фокусираме на постигнување на целосен мир и заеднички да напредуваме, порача Рама.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img