More

    Newsweek: Путин го помилува сатанистот кој јадеше тинејџери

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин наводно помилувал Русин кој е осуден на две децении затвор за „ритуалното“ убиство на четворица тинејџери, во замена за неговото учество во војната во Украина.

    Николај Оголобјак, кој призна дека е член на сатанистичка секта, беше осуден во јули 2010 година под обвинение за убиство, грабеж и сквернавење на трупови. Членовите на сектата ги пржеле и јаделе органите на своите жртви во станот на Оголобјак во 2008 година, според судските документи на кои се повикува руското издание 76.ru.

    Неговиот татко за медиумите изјавил дека Оголобјак шест месеци служел во озлогласената руска единица „Бура З“, која Русија ја користела за да ги наруши линиите на фронтот во Украина, а сега е дома во градот Јарослав во московскиот регион, пишува Newsweek.

    “Тоа е точно. Таму служел шест месеци во бурата З. Откако бил ранет, останал инвалид. Тој оди, но раната е сериозна“, рекол таткото на Оголобјак, додавајќи дека тешко дека неговиот син поради повредите повторно ќе биде испратен да се бори во Украина.

    Таткото рекол и дека Оголобјак на 2 ноември се вратил од Украина и моментално живее со мајка си.

    Сектата на која и припаѓал Оголобјак е формирана во 2006 година од тогаш 15-годишниот Константин Клик Баранов. Членовите воделе „крвни ритуали“ неколку години, убивајќи кучиња и мачки за жртвување и користејќи ја нивната крв за да иницираат нови членови.

    Во летото 2008 година, осум членови убиле и распарчиле четворица студенти.

    Обвинетите се осудени на затвор од 8 до 20 години. Оголобјак доби 20 години во строга колонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img