Руските сили синоќа ја нападнаа Украина со повеќе од десет беспилотни летала и крстаречка ракета, соопшти украинската армија, наведувајќи дека сите беспилотни летала се соборени, а проектилот паднал во поле и не ја погодил целта.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека беспилотните летала биле лансирани од југоисточна Русија и дека различни единици за противвоздушна одбрана во неколку централни области уништиле „14 непријателски беспилотни летала Шахид131/136“.
Според извештаите, крстосувачката ракета Х-22 не ја погодила целта и паднала во поле во областа Запорожје, а ударниот бран од падот на проектилот оштетил приватни куќи, но немало жртви.
Пред доаѓањето на зимата, Украина се подготвува за зголемени руски напади врз нејзината критична инфраструктура, особено врз енергетските инсталации.
Руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина минатата зима оставија илјадници луѓе долги периоди на студ и мрак, а оттогаш Киев доби повеќе системи за противвоздушна одбрана од своите сојузници за подобро да ги спречи таквите напади.