Директорката на КАРИЛ Маја Мојсова првпат пред камера проговори за тоа што се случувало во болницата и за хрватски „Јутарњи лист“ се извини што во нејзината прва изјава не предупредила дека можеби ракометарот Денис Тот е жртва на насилство. Сепак, Мојсова останува на ставот дека тие како лекари не можеле првично да знаат што довело до срцев застој.
– Јас се извинувам што во мојата прва изјава, која навистина излезе надвор од контрола, што не кажав дека – нема видливи повреди, но дека смртта е сомнителна – вели д-р Маја Мојсова.
Според Мојсова ако ракометарот не бил удиран откако паднал на земја и ако веднаш бил донесен во болница би имал поголеми шанси да преживее.