More

    Израелските сили најдоа тесен тунел, но тој води до запечатена врата

    spot_img

    Израел објави снимка од, како што тврди, тунел долг 55 метри, а длабок 10 метри под главната болница во Газа користен од терористите на Хамас, пренесува британски Телеграф. Тесниот тунел сниман со дрон завршува со запечатена бетонска врата отпорна на експлозии, а според Израелските одбранбени сили(ИДФ) ова наводно ја докажува „цинична употреба“ на пациентите и цивилите како „човечки штит“.

    „Овој тип врати се користи од страна на терористичката организација Хамас за да ги блокира израелските сили да влезат во командните центри и подземните средства кои припаѓаат на Хамас“, се вели во военото соопштение придружено со видеото.

    Во соопштението не се наведува што има зад вратата. До тунелот се пристапува преку окното откриено во барака во комплексот Ал-Шифа во која имало оружје, соопшти ИДФ.

     

    Марк Регев, висок советник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, рече дека израелските војници пронашле „командна и контролна соба на второто ниво под земја“ под болницата.

    Веќе шеста недела откако почна војната во Газа силите на Израел повторуваат дека го бараат командниот центар на Хамас и дека тој наводно се наоѓа под болницата Ал Шифа. Тоа тврдење го повторија и САД, кои рекоа дека нивните разузнавачки служби покажале дека комплексот се користел за воени цели.
    Хамас негираше дека Ал-Шифа била користена како воена база.

    Израелските сили исто така тврдеа дека 19-годишна жена војник на Израел држена како заложник била убиена од страна на Хамас во болницата.

    Од друга страна, Хамас рече дека таа загинала во израелски воздушен напад и објави видео на кое се чини дека го покажува нејзиниот труп, без ознака, со рана на главата.

    Во неделата, британски лекар кој порано работел во болницата Ал-Шифа рече дека има области од комплексот каде што не може да оди, или во спротивно ќе биде застрелан.

    Во меѓувреме, здравствените власти во Газа соопштија дека 31 предвремено родено бебе во „екстремно критична состојба“ биле безбедно евакуирани од Ал-Шифа во неделата и дека ќе заминат во Египет поради предупредувањата од Светската здравствена организација дека болницата станала „зона на смртта“.

    Повеќе од 250 пациенти со тешко инфицирани рани и други итни состојби останаа блокирани во установата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img