Неред повторно го снајде албанскиот парламент. Факел од кој излегуваше портокалов дим западли пратеник од опозицијата на почетокот на седницата на која требаше да се расправа за државниот буџет. Опозиционерите се обидоа да ја блокираат и говорницата, но обезбедувањето ги спречи.
Со ова заврши препирката помеѓу опозиционерот Газменд Барди и Газменд Лика, член на обезбедувањето.
Седницата траеше околу 5 минути, по што буџетот беше начелно изгласан. Поради чадот во Собранието, немаше ниту расправа, а во еден момент, избувна и мал пожар.
На седницата беше присутен и премиерот Еди Рама, но за брзо ја напушти.