Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Олександр Мотузјаник денеска изјави дека нема информации за предавање на украинската поморска бригада во Мариупол. За ова претходно информираше руското Министерство за одбрана.
– Немам информации – изјави Мотузјаник.
Тој претходно беше прашан за коментар околу соопштението на руското Министерство за одбрана, во кое се тврдеше дека 1.026 војници од украинската 36. поморска бригада, се предале во опколениот јужен пристанишен град.