More

    Иницијативата на Достоинство ја прифатија 4 пратеници

    spot_img

    „Голема благодарност до пратениците Павле Трајанов, Мирослав Јовановиќ, Димитар Апасиев и Борислав Крмов кои со својот потпис ја прифатија иницијативата на Достоинство и овозможија да започне собраниската процедура за Предлог на закон за измена и дополнување на Законот за меморијалните споменици и спомен обележја изработен од Достоинствообјави лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов на својата Фејсбук страница.

    Тој изрази надеж дека сите пратеници од македонскиот политички блок ќе дадат поддршка на оваа, според него, хумана иницијатива.

    „Срамота е 22 години по завршувањето на вооружените дејствија од 2001 година сè уште да нема репрезентативен и достоинствен споменик кај Карпалак, место каде од заседа во ужасни маки изгореа 10 македонски бранители, скромен но достоинствен споменик на местото на заседата кај Вејце во која беа масакрирани осуммина припадници на македонските безбедносни сили, скромен но достоинствен споменик кај Љуботенски Бачила каде од мини загинаа осум бранители, кај Требош каде во заседа загинаа тројца бранители, а по потреба и на други места. Споменици кои ќе потсетуваат на еден крвав и мрачен период од нашата блиска историја а не’ споменици кои ќе шират омраза“, напиша Ангелов на фејсбук.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img