Српскиот претседател Александар Вучиќ го отвори новиот стадион Лагатор во Лозница и пред младите фудбалери, но и пред прославениот поранешен фудбалер Драган Џајиќ сега во улога на престедател на Фудбалскиот сојуз на Србија и пред другите присутните на теренот, ги покажа своиоте „фудбалски вештини“.
На отворањето на стадионот во Лозница, покрај претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Драган Џајиќ, Вучиќ го придружуваа уште неколку истакнати спортски имиња како претседателот на Олимпискиот комитет на Србија, Божидар Маљковиќ и министерот за спорт Зоран Гајиќ.
Изградбата и опремувањето на стадионот Лозница, изграден според стандардите на ФИФА, со две нивоа на трибините и капацитет од 8.000 седишта, чинеше околу 30 милиони евра, пренесуваат српските медиуми.