More

    Националната арена „Тодор Проески’’ е подготвена за претстојниот натпревар македонската фудбалска репрезентација со репрезентацијата на Англија во Квалификациите за ЕП 2024

    spot_img

    Националната арена „Тодор Проески’’ е подготвена за претстојниот натпревар македонската фудбалска репрезентација со репрезентацијата на Англија во Квалификациите за ЕП 2024. На целиот проект му претходеа интензивни  работни активности кои резултираа со исполнување на зацртаната цел- целосна ревитализација на тревната површина, информираа од АД  за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

    „Гостите од странство ќе ги пречекаме  на терен кој е во согласност со највисоките стандарди на  УЕФА и ФИФА и е еднаков на условите коишто ги обезбедуваат најголемиот дел од европските стадиони. АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката застана зад овој проект целосно, со максимални заложби и целосен капацитет, во соработка со ФФМ која ја обезбеди донацијата. Самите карактеристики на овој вид хибридна трева гарантираат одличен квалитет, односно рок на траење од 8-10 години, како и зголемен степен на нејзината експлоатираност. На него ќе може да се игра на температура од -20 до + 40 степени, а снегот и дождот нема да претставуваат дополнителен проблем бидејќи теренот има и систем за греење. Целосната ревитализација на тревната површина, покрај низа  пропратни елементи опфаќа и надградба на системот на наводнување, како и поставување нови голови.  Процесот на целосно  менување на тревата  којшто е последен пат изведен пред 11 години  ќе ги подобри условите на националниот и клупскиот фудбал, и е во насока на успешно развивање на фудбалската игра“ – стои во соопштението од АДИССДП.

    „Сите љубители на  фудбалот  и навивачи на македонската  фудбалска репрезентација во понеделник (20 ноември) ќе имаат можност да уживаат во следењето на натпреварот со Англија. АДИССДП се надева дека навивавачката атмосфера ќе биде во духот на фер плејот и со силна подршка од трибините заеднички  да стигнеме до што подобар резултат“ – истакнуваат од АДИССДП .

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img