More

    6 смарт-системи за презентации, како и пен-таблети за едно училиште од Аеродром

    spot_img

    Унапредувањето на образовниот процес, инвестициите во инфраструктурата и воведување нови содржини за соодветен раст и развој на учениците се високо во приоритетите на Општина Аеродром. Целта и визијата на оваа администрација е Аеродром да биде општина која ги има најдобрите услови за правилен развој на учениците и во која секој ќе може да ги достигне своите потенцијали.

    Градоначалникот Тимчо Муцунски и директорката на ООУ „Љубен Лапе“ Фоника Станоева, денеска извршија увид во последните активности кои се спроведоа во ова училиште, а каде со заедничка инвестиција на училиштето и претставник на училишниот одбор, учениците од прво и четврто одделение и нивните наставници добија 6 смарт-системи за презентации, како и пен-таблети за модернизација на образовниот процес и реализација на наставната програма.
    При својата посета, градоначалникот Муцунски истакна дека овој вид на инвестиции се еден од приоритетите на општината и дека една од главните задачи на општината ќе биде да се обезбеди подобар образовен процес и еднакви инвестиции во сите училишта на територијата на Аеродром.

    – Љубен Лапе е едно од основните училишта во Општина Аеродром каде минатиот период имаше значителни инвестиции. Со последните активности на Општината, училиштето и општествено-одговорни компании и поединци, дечињата денес спортуваат на нови современи терени за фудбал, ракомет и кошарка, посетуваат настава во училиште со целосно реновиран долен кат, а со најновите содржини, ќе бидат во тек со наставата, но и најновите светски и технолошки трендови – вели Муцунски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img