More

    Реалноста е колосеци обраснати во трева и сѐ памалку патници и возови на пругите

    spot_img

    Северна Македонија и Србија денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси како дел од железничкиот Коридор 10.

    Меморандумот беше потпишан од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ, во присуство на премиерите Димитар Ковачевски и Ана Брнабиќ, јави известувачот на МИА од Белград.

    Во следниот период, односно според најавите во следните две недели, треба да се формира работна група која ќе треба да го дефинира акциониот план со активности и динамика на реализација на овој проект.

    На македонска територија во првата фаза треба да бидат изградени 50 километри, а интенцијата е Коридорот 10 да биде целосно изграден до Солун и Атина. Комерцијалната брзина на пругата ќе биде најмалку 160 километри на час, но се разговара за зголемување на оваа брзина.

    Премиерот Ковачевски на прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот рече дека Коридорот 10 за нас е важен европски коридор и неговата реконструкција е повеќе од неопходна за да ја одржиме конкурентската позиција во регионот, а преку брзата пруга да го развиваме целиот регион.

    – Ова е уште една можност во рамки на регионалната иницијатива да овозможиме брз транспорт на стока и услуги не само низ земјите во Западен Балкан, туку и кон земјите членки во ЕУ. Нашата посветеност на унапредување на соработката со сите земји во регионот, даваат бенефит за нашите граѓани, ние сме држава како и сите други држави од регионот со не толку силни економии како на земјите членки во ЕУ и затоа од голема важност е меѓусебно да соработуваме бидејќи во заедништвото е секогаш силата. Кога зборуваме за соработката, потврдуваме дека нашиот фокус мора да остане Европската Унија, бидејќи земјите од Западен Балкан таму припаѓаат. Ние имаме нагласена европска ориентација, реформски сме ориентирани и подготвени да даваме придонес во меѓународната соработка во сите области – рече Ковачевски.
    Според српската премиерка Брнабиќ, со денешното потпишување на Меморандумот се трасира патот за идниот развој на односите меѓу двете држави. Железничката инфраструктура, како што посочи, е приоритетна и по транспортната Стратегија на Европската унија.

    – Железничкиот сообраќај во овој момент и за Европа и за целиот свет е најважен сообраќај затоа што е еколошки најприфатлив вид сообраќај. Србија вложува огромни финансиски средства во овој дел – рече Брнабиќ.

    Од српска страна завршена е брзата пруга од Белград до Нови Сад, а до крајот на 2024 година планирано е да се заврши и делот до Суботица така што ќе го имаат завршено целиот дел до Унгарија.

    – Очекуваме до крајот на 2025 година и Унгарија да ја заврши делницата од Будимпешта до Суботица. Продолжуваме да вложуваме во железничкиот Коридор 10 со модернизација на пругата од Белград до Ниш. Нашиот план беше и од Ниш до Прешево, но веќе во последните неколку месеци почнавме да разговараме и оваа делница до Скопје и денес веќе го потпишуваме Меморандумот – рече Брнабиќ.

    И додека со овој проект гледаме во иднината дома жечезницата речиси пропаѓа, а локомитивите кои се движат по старите колосеци не можат да ја достигнат ниту претпоставената брзина од 100 километни на час. Товарниот сообраќај е незначителен, а патниот полека се укинува. На вториот коридор челаме повеќе од деценија. Сето ова не ветува многу за успешен приклучок.

    Експерти велат дека освен овие 50 километри кои ја поврзуваат границата со Скопје, за да имаме брза пруга е потребно да се преработи целата железничка траса од коридорот 10 која сега е полна со кривини и не овозможува движење на возовите според она што се бара за брза пруга, односно 160 километри на час.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img